28 април, 2025
ПочетнаСВЕТОпсадна состојба на Менхетен: Трамп денеска ќе се појави на суд

Опсадна состојба на Менхетен: Трамп денеска ќе се појави на суд

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп пристигна во кулата Трамп во Њујорк, каде што го чека судењето пред судот на Менхетен под обвинение за финансиска измама.

Иако долго време се шпекулираше дали Доналд Трамп воопшто ќе се појави, тој реши да се бори на суд. По неговото пристигнување од Флорида, тој беше пречекан во кулата Трамп од неговите адвокати.

Во вторник, на 4 април, Трамп ќе се изјасни пред судијата. Речиси нема сомнеж дека неговиот одговор ќе биде дека не е виновен, а овој случај сигурно ќе ја достигне својата кулминација дури по долгото судење.

Да потсетиме, Трамп е на суд во Њујорк под обвинение дека и платил на поранешната актерка од филмови за возрасни Сторми Даниелс 130.000 долари.

Самата исплата не е незаконска, но главниот обвинител на Менхетен, Алвин Брег, се сомнева дека Трамп ги фалсификувал финансиските извештаи, што е незаконско, пишува Би-Би-Си.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП