4 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАКаде е македонскиот пасош на листата на најмоќни во светот

Каде е македонскиот пасош на листата на најмоќни во светот

Престижниот Henley Passport Index ги рангира светските пасоши според бројот на дестинации кои нивните сопственици можат да пристапат без виза.

Индексот вклучува 199 различни пасоши и 227 различни дестинации за патување.

А како изгледа таа листа на светски пасоши, односно кои пасоши се меѓу најјаките во светот и каде е Македонија?

Првото место на оваа листа го делат Јапонија и Сингапур со по 192 земји во кои нивните граѓани можат слободно да патуваат. Затоа пасошите на овие две земји денес се најмоќни во светот.

Веднаш зад нив е Јужна Кореја со 192 земји, па потоа следуваат Германија и Шпанија каде можат да пристапат до 190 земји.

Потоа се нижат Финска, Италија, Луксембург,.…

И така сè до 45 место каде што се наоѓа – Македонија.

Според Индексот за пасоши на Хенли, со македонскиот пасош можете слободно да патувате во 125 земји.

Точно е дека Словенија и Хрватска на пример се далеку над нас, но оваа бројка и не е толку лоша, особено ако се земе предвид дека со пасошот на Авганистан, кој е на последното 108. место, може слободно да се патува само до 27 земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП