Согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт“, како и движењето на цената на природниот гас на светските берзи, „Макпетрол“ АД Скопје ги известува своите потрошувачи и пошироката јавност дека цената на природниот гас за месец април ќе се намали за 13% за мегават час, во однос на цената за месец март ова година.
-Воедно, сакаме да информираме дека малопродажната цената на погонското гориво за моторни возила, Метан (CNG), кој се продава на бензинските станици на Макпетрол се намалува за 8% односно, за 6 денари за килограм (4,248 ден/лит) во однос на цената од минатиот месец која изнесуваше 75 денари за килограм, односно новата цена ќе биде 69 денари за килограм или 48.85 денари за литар, велат од компанијата.