3 мај, 2024
ПочетнаСВЕТПристигна реакцијата на Москва за влезот на Финска во НАТО

Пристигна реакцијата на Москва за влезот на Финска во НАТО

Финска утре ќе се приклучи на пактот за НАТО, што ќе ја направи побезбедна, а алијансата посилна, изјави генералниот секретар на Северноатлантската алијанса, Јенс Столтенберг, а Москва веднаш најави зајакнување на силите на западот на земјата.

„За прв пат ќе го подигнеме финското знаме овде, во седиштето на НАТО. Тоа ќе биде добар ден за финската безбедност, за нордиската безбедност и за НАТО во целина“, изјави Столтенберг за новинарите во Брисел, додавајќи дека како резултат на тоа , „Шведска ќе биде побезбедна“.

Веста дека Финска и официјално ќе стане членка на НАТО денеска ја потврдија од кабинетот на претседателот на државата. Финска станува полноправна членка откако турскиот парламент во четвртокот ја ратификуваше точката со која и се дозволува на Финска да се приклучи на НАТО, отворајќи го патот на Хелсинки да се приклучи на западната воена алијанса.

Русија најави зајакнување на силите на границата

Турскиот парламент беше последниот меѓу 30-те членови на алијансата што го ратификуваше членството на Финска, откако претходно унгарскиот законодавен дом го стори тоа.

Финска и Шведска заеднички поднеле барање за членство во НАТО во мај минатата година поради руската инвазија на Украина, но Турција го блокира пристапувањето на Шведска, која ја обвинува дека има засолниште на, како што смета, членовите на терористичките групи и побара нивна екстрадиција.

Анкара првенствено мисли на забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК), која ја смета за терористичка организација.

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Александар Груско изјави дека Русија ќе ги зајакне воените капацитети во своите западни и северозападни региони како одговор на очекуваниот пристап на Финска во НАТО во вторник, објави државната новинска агенција РИ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП