3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЧип за Wi-Fi и Bluetooth во автомобилите

Чип за Wi-Fi и Bluetooth во автомобилите

cip kola

Компанијата „Broadcom“, која е специјализирана за производство на чипови и полупроводнички компоненти, ја претстави својата нова линија на безични чипови за употреба во автомобилите.

Новите чипови за употреба во автомобилите се направени за поддршка за „Wi-Fi“ протокол и „Bluetooth Smart Ready“ (Bluetooth LE) технологијата за полесно поврзување на мобилните уреди и екранот внатре во автомобилот.

Покрај овие технологии новиот чип ќе овозможи и далечинска контрола на уредите во автомобилот со помош на паметниот телефон, високо-брзинска конекција по пат на „LTE“ точките за пристап, комуникација на автомобилот со инфраструктурата, како и можноста за синхронизација на биометриските податоци со цел да се спречи уморниот или пијаниот возач да се најде зад воланот.

Новиот чип „BCM89335“ има поддршка за „5G“, „Wi-Fi“ и „Bluetooth Smart Ready“, додека поевтинот „BCM89071“  има поддршка само за „Wi-Fi“ и „Bluetooth Smart Ready“.

Двата чипа се уште се во фаза на развој, па затоа не е познато кога ќе се појават во автомобилите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП