3 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАЗа една година бројот на основци во Македонија се намалил за 1550...

За една година бројот на основци во Македонија се намалил за 1550 и за 1800 средношколци!

Се намалува бројот на ученици во основните и средните училишта низ Македонија. Ваквиот тренд е континуиран и треба да ги загрижи надлежните.

Официјалните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека на почетокот на учебната 2022/2023 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 185 099, што претставува намалување за 0.8 % во однос на претходната учебна година. Бројот на учениците во редовните средни училишта, на почетокот на учебната 2022/2023 година, изнесува 69 227, што претставува намалување за 2.5 % во однос на претходната учебна година.

Не само бројот на ученици, намалување има и на бројот на училишта каде што се одвива настава. Податоците велат дека ако ланската учебна година на основците на располагање им биле 972 училишта, годинава основното образование се спроведува во 966 објекти. Од нив седум се приватни основни училипшта. Во однос на паралелките, ако лани имало 11 146 одделенија, сега основците се распределени во 11 116 паралелки, што за една година има намалување од цели 30 паралелки.109 Парлелки има во приватните основни училишта. За една година бројот на основци во Македонија се намалил за 1550, лани имало 186 649 деца годинава има 185 099 ученици.

Позитивно намалување има кај учениците кои ја повторувале годината. Ако пред две години немале доволен успех да ја поминат годината 261 ученик, годинава по втор пат истиот материјал го учат 250 деца. За една година за 88 лица се намалил и бројот на наставници кои ги учат учениците од основните училишта. Податоците кои се на располагање покажуваат дека од прво до деветто одделение има двојно повеќе момчиња од девојчиња. Од прво до седмо одделение во земјава има по 20 илјади ученици, за разлика од 10 илјади ученички по генерација. Само во осмо и деветто одделение бројот на ученички е под 10 илјади на ниво на цела држава. Податоците покажуваат и дека од 185 099 основци по 20тина илјади го учат на часовите англискиот јазик, како втор странски јазик, германскиот го учат учениците од шестто до деветто одделение по околу 14 илјади деца, или околу 52 илјади ученици. Францускиот јазик пак го учат нешто над 26 илјади основци, или по околу седум илјади ученици на ниво на цела држава од шестто до деветто одделение. Рускиот јазик го учат 364 ученици. Во групата други јазици во основните училишта учат нешто над 1500 деца.

Близу 1800 ученици има помалку во средните училишта годинава во однос на ланската учебна година. Ако сега во средношколските клупи сегат 69 227 среднисти, лани имало 71 018 ученици. Бројот на средни училишта не е променет, односно има 129 средни училишта, од нив 11 се приватни. Идентичен е и бројот на паралелки, и тоа за четири повеќе од лани а бројот надминува 3500 одделенија во средните училишта. Во земјава има нешто над седум илјади наставници кои предаваат во средните училишта, а во однос на ланската учебна година, бројот на наставници е намален за 100 лица.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП