Со цел засилување на процесот на дигитална трансформација, и задоволување на потребата на компаниите за стабилност во поврзувањето и неограничена комуникација за водење на своите бизниси, A1 Македонија го збогатува A1 Business тарифното портфолио со нова понуда со исклучително поволни бенефиции дизајнирани да овозможат уште поголем избор и уште повеќе вредност со цел да се пресретнат комуникациските потреби на корисниците од корпоративниот сегмент.
Со комбинирање на мобилните и фиксните услуги во А1 Combo Business пакетот, корисниците добиваат брз и стабилен интернет преку супериорна оптичка мрежа за својата канцеларија како и дополнителни поволности во облик на уште поголеми попусти и поголеми буџети за набавка на уреди. За уште поголема безгрижност и дополнителна безбедност при користење на мобилните услуги на најбрзата мобилна мрежа, за нова активација или обнова на Mobile Business Pro портфолиото, А1 нуди и три месеци бесплатно осигурување на екранот за избраниот телефон и три месеци бесплатно користење на A1 Net Protect

