19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНовиот „UBS“ најверојатно ќе намали 20-30% од својата работна сила

Новиот „UBS“ најверојатно ќе намали 20-30% од својата работна сила

По спојувањето на „UBS“ со „Suisse Credit“, банката планира да намали 20-30% од нејзиниот персонал, објави швајцарскиот весник „Tages-Anzeiger“ во публикација, повикувајќи се на свои извори во раководството на банката.

Во март, „UBS“ го купи својот главен конкурент во Швајцарија за 3 милијарди долари. Договорот беше поддржан од швајцарската влада како дел од напорите за смирување на банкарскиот сектор во земјата. Спојувањето имаше за цел и за глобално смирување на пазарите, но покрена многу прашања за големината на новата структура.

Двете банки заеднички управуваат со средства за 1,6 трилиони долари и имаат вкупно 120 илјади вработени. Според швајцарскиот дневен весник, 11.000 од нив ќе бидат отпуштени само во Швајцарија, додава „Reuters“.

Работните места во американската инвестициска единица на „UBS“, исто така, веројатно ќе бидат погодени.

Во интервју за „Il Sole 24“, идниот извршен директор на „UBS“ Серхио Ермоти коментираше дека новото спојување не е „огромно“ наспроти позадината на водечките банкарски групи во светот, додава „Bloomberg“. Анализите на агенцијата покажуваат дека банката ќе биде лидер во Европа, надминувајќи ги „BNP Paribas“ и „HSBC“ по актива.

Ермоти ќе го замени Ралф Хамерс на чело на „UBS“ на 5-ти април. Швајцарскиот банкар оваа функција ја извршуваше во периодот 2014-2020 година. Во своето интервју тој коментира и дека во голема мера ќе се зачува сегашниот деловен модел на банката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП