2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗNissan отповика 900.000 возила

Nissan отповика 900.000 возила

xtrail

„Nissan“ објави дека ќе повика сопственици на 908.900 возила на вонреден сервис. Причината за тоа е проблемот со сензорите на командите за гас кои можат да предизвикаат успорување на работата на моторот или дури негово целосно запирање.

Од скоро милион автомобили кои се опфатени во оваа акција, дури 764.800 се наоѓаат во Јапонија. Во соопштението се истакнува дека овие проблеми досега не биле причина за ниту една сообраќајна незгода.

Возилата кои се повлекуваат се произведени во Јапонија во периодот од 2004-та до 2013-та година, а еден дел од нив се извезени на пазарите во Европа, САД и Океанија.

Меѓу спорните автомобили се „SUV Nissan X-Trail“, „Nissan Serena“, но и моделот „M“ од луксузната марка „Infiniti“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП