1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЊујорк Тајмс: Нема да плаќаме на Твитер за потврда на профилите

Њујорк Тајмс: Нема да плаќаме на Твитер за потврда на профилите

Њујорк Тајмс нема да плаќа месечна претплата за проверена сметка на Твитер, објави денеска портпаролот на американскиот весник, неколку часа откако на медиумот му беше одземена златната ознака.

Според новата политика на Твитер, потврдените ознаки се достапни само преку платени претплати.

Организациите и бизнисите ќе треба да платат 1.000 долари ако сакаат златни ознаки, додека поединците можат да имаат проверена сметка за почетна цена од седум долари.

„Исто така, нема да им плаќаме на новинарите за лични профили Twitter Blue, освен во ретки случаи кога тој статус е суштински за потребите на известувањето“, додаде портпаролот, пишува Ројтерс.

И порталот „Политико“ јасно стави до знаење дека нема да ги плаќа за своите вработени сините ознаки на Твитер.

Твитер претходно објави дека од 1 април, неколку профили ќе ги загубат своите ознаки за верификација бидејќи компанијата почнува постепено да ја укинува старата програма за верификација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП