3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Криминалецот“ Меси се појави во судницата

„Криминалецот“ Меси се појави во судницата

sud mesi

Напаѓачот на Барселона Лионел Меси и неговиот татко утрово се јавија во судот, каде ќе бидат испитани по обвиненијата за даночно затајување.

Аргентинецот пристигна сам во судницата, а пред судот беше поздравен од околу 30-тина навивачи на Барселона и беше пречекан од повеќе од 100 новинари и фотографи. Неговиот татко – Хорхе Меси пристигна во судот еден час порано.

Најдобариот фудбалер во светот и неговиот татко се осомничени дека сокриле повеќе од 4 милиони евра во даноци, давајќи нецелосни даночни пријави за 2007-та, 2008-та и 2009-та година. Хорхе веќе ја коригираше грешката и на 14-ти август тие на шпанските власти им платија над 5 милиони евра.

Првично случајот беше закажан за 17-ти септември, но судот го одложи разгледувањето по барање на адвокатот на двајцата Аргентинци. Се очекува двајцата да дадат изјава за медиумите подоцна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП