26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРускиот наследник на „McDonald`s“ изгуби повеќе од 142 милиони долари во 2022-ра

Рускиот наследник на „McDonald`s“ изгуби повеќе од 142 милиони долари во 2022-ра

„Вкусно и точка“, наследникот на синџирот за брза храна „McDonald`s“ во Русија, забележа загуба од 11,3 милијарди рубљи (нешто повеќе од 142 милиони долари) во 2022-ра година, пренесува руската новинска агенција ТАСС. За споредба, во 2021-ва година американската компанија имаше профит од 2,7 милијарди рубли.

Приходите од активностите на „Вкусно и точка“ за 2022-ра година изнесуваат 73,5 милијарди рубљи, што е намалување за 2,3 отсто на годишно ниво.

Финансискиот извештај на компанијата е подготвен според руските сметководствени стандарди, а не според меѓународните, станува јасно од публикацијата.

Од компанијата коментираат дека споредбата од година во година е неточна и големите загуби ги објаснуваат со тоа што рестораните не работеле голем дел од минатата година и со големите трошоци за нивно повторно отворање, вклучително и ребрендирање.

Поради војната во Украина, „McDonald`s“ се повлече од рускиот пазар и го продаде својот ланец од повеќе од 700 ресторани на рускиот милијардер Александар Говор, чии други бизниси вклучуваат ископ на јаглен, управување со медицински центри и хотели.

Новиот сопственик го преименувал ресторанот во „Вкусно и точка“, но голем дел од менито бил задржан. Во првите месеци компанијата имаше проблеми со снабдувањето со храна според старите договори, додава ТАСС. Првиот ресторан под новиот бренд повторно ги отвори вратите на култниот плоштад Пушкин во Москва на почетокот на јуни на Денот на Русија.

Според коментарите на новиот сопственик на синџирот за ТАСС, резултатите за првиот квартал се подобри во споредба со првите два месеци од 2022-ра година и март 2021-ва година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП