Најшарениот, најрадосниот и најзабавниот настан по повод 1 Април ќе се одржи утре (сабота) од 12 часот во Веро центар, каде што дечињата заедно со омилените ликови од „Светот на Биби“ на специјален начин ќе го одбележат Денот на шегата.
На Априлијадата добредојдени се сите дечиња со маски и без маски, како и нивните родители, баби и дедовци. Сите заедно во Веро центар ќе пеат, другаруваат и ќе се забавуваат со јунаците од „Светот на Биби“. Настанот ќе почне во 12 часот во холот на Веро центар, кога сите што собираат сликички од албумот „Светот на Биби“ ќе може да се менуваат со сликички и да го комплетираат својот албум.

