20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАГи имаме првите детали за моделот „Samsung Galaxy S24 Ultra“

Ги имаме првите детали за моделот „Samsung Galaxy S24 Ultra“

Се очекува „Samsung“ да ја подигне границата на ново ниво кога станува збор за следниот предводник, моделот „Galaxy S24 Ultra“.

Јужнокорејскиот гигант планира да имплементира дисплеј со стапка на освежување од 144 Hz во својот следен премиум уред, што ќе го направи тој телефон првиот „Galaxy“ модел со споменатата стапка на освежување.

Освежувањето на екранот од 144 Hz ќе овозможи повеќе флуидни анимации, кои ќе бидат особено погодни за гејмерите на телефоните, исто така ќе донесе побрзо вчитување и севкупно побрзи перформанси.

Според неодамнешните извештаи, серијата „Galaxy S24“ треба да има и сателитско поврзување, слично на функциите што моментално ги нудат „Apple“ и „Huawei“.

Се очекува серијата „Galaxy S24“ да биде придвижувана од чипсетот Snapdragon 8 Gen 3, кој треба да понуди значително подобри перформанси од сегашната генерација. Јадрото на процесорот X-4 со високи перформанси треба да има 15% подобра брзина на такт во споредба со јадрото X-3 од чипот Snapdragon 8 Gen 2.

Се споменуваат и подобрувања на камерите, па така подобрениот сензор од 200 MP на моделот „Galaxy S24 Ultra“ ќе има подобрени можности за зумирање на телефото камерата.

Се разбира, треба да се напомене дека сите овие се само гласини во овој момент и треба да се земат со резерва. „Samsung“ сѐ уште официјално нема потврдено ништо кога станува збор за серијата на телефони „Galaxy S24“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП