26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза: Банкарскиот сектор повторно на врвот на листата по профитабилност

Македонска берза: Банкарскиот сектор повторно на врвот на листата по профитабилност

Македонска берза на официјалниот сајт го објави прегледот на финансиските податоци на котираните друштва за периодот 01.01-31.12.2022 година.

Од вкупно 95 компании, 72 завршиле со добивка, 18 компании завршиле со загуба, две не објавиле резултати и три се долгорочно суспендирани.

По профитабилност, повторно банкарскиот сектор се најде на врвот на табелата. Со 2.443.910.000 денари НЛБ банка АД Скопје е лидер на листата, потоа следува Стопанска банка АД Скопје со добивка од 2.441.758.000 денари и на третото место е Комерцијална банка АД Скопје со добивка од 2.171.708.000 денари.

Меѓу 10-те компании со најголема добивка покрај трите банки се и Македонски Телеком АД Скопје(1.500.279.000), Алкалоид АД Скопје(1.463.426.000), Макпетрол АД Скопје(1.290.960.000), Макстил(1.077.236.000), Цементарница УСЈЕ(1.029.332.000), Мермерен комбинат(859.626.000), Окта АД Скопје(545.996.552) и Унибанка АД Скопје(341.256.000).

Комплетниот преглед можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП