26 април, 2024
ПочетнаСВЕТАмерика ги повикува своите граѓани веднаш да ја напуштат Русија

Америка ги повикува своите граѓани веднаш да ја напуштат Русија

Вашингтон ги повика американските граѓани да ја напуштат Русија откако американски новинар беше приведен во таа земја.

„Американските граѓани кои живеат или патуваат во Русија треба веднаш да ја напуштат Русија, како што продолжува да советува Стејт департментот“, се вели во соопштението на Белата куќа.

Стејт департментот е во директен контакт со Москва во врска со притворањето на новинарот на Волстрит журнал, нагласуваат од Белата куќа и додаваат дека администрацијата на претседателот Џо Бајден контактирала со семејството на новинарот и со неговиот работодавец.

Русите тврдат дека новинарот шпионирал за САД

Московскиот суд во четвртокот нареди притвор на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, велејќи дека тој ќе биде притворен најмалку до 29 мај за наводно шпионирање за САД.

„Неприфатливо е руската влада да е насочена против американските граѓани“, соопшти Белата куќа, најостро осудувајќи го притворот.

Волстрит журнал остро ги отфрли обвинувањата и повика на ослободување на својот новинар, изразувајќи загриженост за неговата благосостојба.

„Се солидаризираме со Еван и неговото семејство“, пишува американскиот весник.

Репортери без граници апсењето на новинарот го нарекоа „вознемирувачки“.

„Новинарите не смеат да бидат цел“, потенцираат тие.

Му се заканува 20 години затвор

Гершкович, кој е роден во 1991 година, се соочува со затворска казна до 20 години доколку биде осуден.

Рускиот правен систем се смета за многу политизиран, а обвинувањата речиси секогаш водат до пресуди.

Руската тајна служба ФСБ објави дека привела американски новинар поради „шпионирање за интересите на американската влада“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП