23 април, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАНародниот правобранител: Граѓаните неинформирани земаат брзи кредити и не знаат во што...

Народниот правобранител: Граѓаните неинформирани земаат брзи кредити и не знаат во што се впуштаат(ВИДЕО)

Народниот правобранител предупреди на агресивните реклами за брзи кредити за кои рече дека покрај тоа што се без камати, за задоцнета исплата следуваат огромни трошоци.

„Тие кредити често се користат за затворање претходни кредити во истото финансиско друштво, а притоа отсуствува ефикасната контрола и надзор на нивното работење.

Нагласи дека граѓаните не се целосно информирани во што се впуштаат и кои се давачките при задоцнување со исплатата на ратите. Тој апелира до институциите да го ограничат надоместокот при доцнењето со исплатата. Поради тоа, народниот правобранител повика на измени во Законот за финансиските услуги и другите регулативи за граѓаните при враќање на кредитите да не бидат повеќекратно оштетени. Како надлежна институција за работата на овие финансиски друштва го посочи Министерството за финансии, но и Народната банка.

„Штом може онлајн да се одобри кредит, тогаш постојат многу злоупотреби на лични податоци. Граѓаните мора да бидат информирани докрај и да знаат во што се впуштаат“, предупреди народниот правобранител, за време на денешното презентирање на годишниот извештај на институцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП