28 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАМладите сѐ повеќе се враќаат на легендарните, стари телефони

Младите сѐ повеќе се враќаат на легендарните, стари телефони

Сè поголем број членови на генерацијата „Z“ се грижат за времето што го поминуваат пред екраните, а во тоа помагаат телефоните кои немаат пристап до современите социјални мрежи.

„Глупавите телефони“, без напреден софтвер и пристап до социјалните мрежи, се сè попопуларни меѓу младите американци, пишува „CNBC“.

Компаниите како „HMD Global“, сопственикот на брендот „Nokia“, продолжуваат да продаваат милиони мобилни уреди слични на оние што ги користевме во раните 2000-ти, вклучително и „винтиџ“ дизајни како школки или оние со екрани што излегуваат, кои имаат некои нови функции вградени во нив, како „GPS“ или интернет хотспот.

„Верувам дека дел од популацијата на „Gen Z“ веќе нема нерви за големите екрани“, рече Хозе Брион, инфлуенсер за „глупавиот телефон“ и модератор на подредитот „r/dumbphones“.

„Тие го наоѓаат решението за нарушеното ментално здравје во ваквите намалувања“, додава тој.

„HMD Global“ продаде десетици илјади телефони на преклопување во САД во 2022-ра година, додека на глобално ниво тој број падна. Во текот на истата година, речиси 80 отсто од продадените телефони од овој тип завршиле на пазарот на Блискиот Исток, Африка и Индија, пишува „Counterpoint Research“.

Пазарот на „глупави“ телефони во САД е релативно мал, но во наредните години би можел да забележи постепен раст од пет проценти годишно. Во првите редови на трендот се компаниите како „Punkt“ и „Light“, кои продаваат уреди наменети за оние кои сакаат да поминуваат помалку време на телефони и социјалните мрежи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП