20 април, 2024
ПочетнаСВЕТРусија уапси новинар на Wall Street Journal под обвинение за шпионажа

Русија уапси новинар на Wall Street Journal под обвинение за шпионажа

Руските власти приведоа новинар од американскиот Wall Street Journal под обвинение за шпионажа, објави Руската агенција за безбедност.

Федералната служба за безбедност (ФСБ), главната агенција наследничка на КГБ, во четвртокот соопшти дека американскиот државјанин Еван Гершкович бил приведен во градот Екатеринбург на Урал додека, наводно, се обидувал да добие доверливи информации.

Безбедносната служба тврди дека Гершкович „собрал доверливи информации за активностите на едно од претпријатијата на рускиот воено-индустриски комплекс, кои претставуваат државна тајна“.

Според локалните медиуми, тој известувал за војната во Украина и за платеничката група на Вагнер.

ФСБ не соопшти кога се случило апсењето.

Гершкович може да се соочи со казна затвор до 20 години доколку биде осуден за шпионажа.

WSJ рече дека „остро ги негира“ наводите за шпионажа против нејзиниот руски дописник.

„Остро ги негираме наводите на ФСБ и бараме итно ослободување на нашиот посветен и доверлив новинар Герчкович. Ние стоиме во солидарност со Еван и неговото семејство“, напиша WSJ за Ројтерс.

Родителите по потекло од СССР

Тој е првиот американски новинар кој е уапсен под обвинение за шпионажа во Русија по Студената војна, а неговото затворање доаѓа во време на жестоки глобални тензии околу борбите во Украина.

Гершкович, кој беше акредитиран како новинар, известува за Русија и Украина како дописник на московското биро на Wall Street Journal.

Неговиот последен извештај, објавен оваа недела, се фокусираше на забавувањето на руската економија во услови на западните санкции.

Пред да се приклучи на Wall Street Journal, Гершкович (31) работел за АФП во Москва.

Тој претходно беше репортер за The Moscow Times.

Гершкович зборува руски.

Неговите родители живеат во САД, но по потекло се од СССР.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП