25 април, 2024
ПочетнаСВЕТЗеленски: Ако го загубиме Бахмут, ќе ме принудат на компромис со Русија

Зеленски: Ако го загубиме Бахмут, ќе ме принудат на компромис со Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека ако Украина не ја добие битката за Бахмут, Русија би можела да започне да бара меѓународна поддршка за договор кој бара од Украина да направи „неприфатливи компромиси“.

„Ако Бахмут падне во рацете на руските сили, Владимир Путин ќе ја продаде таа победа на Западот, на својот народ, на Кина, на Иран“, рече Зеленски во интервју за Асошиејтед прес.

Тој разговараше со новинарите на АП во воз што минуваше низ областите ослободени од руските сили. Украина успеа да го задржи главниот град Киев и да ја истисне Русија од другите стратешки важни области, јавува Гласот на Америка (ВОА).

Зеленски, исто така, е свесен дека успехот на неговата земја во голема мера се должи на меѓународната воена поддршка, особено од САД и Западна Европа.

„САД навистина разбираат дека ако престанат да ни помагаат, нема да победиме“, рече тој во интервјуто.

Зеленски неодамна го посети Бахмут, град на истокот на земјата каде што се водат жестоки борби и се очекуваат офанзиви и контраофанзиви. Тој предупредува дека поразот на армијата на кој било дел од фронтот може да ја загрози целата борба.

„Не смееме да загубиме на ниту еден чекор бидејќи војната е збир на мали победи, мали чекори“, рече претседателот на Украина.

Според Гласот на Америка, коментарите на Зеленски биле признание дека губењето на седуммесечната битка за Бахмут, најдолга во војната досега, ќе биде поскап политички отколку тактички пораз.

Тој предвиде дека притисокот од поразот во Бахмут ќе дојде брзо – и од меѓународната заедница и од внатре во земјата.

„Општеството ќе се чувствува уморно, ќе ме принудат да направам компромис со нив“, вели Зеленски, додавајќи дека засега не го чувствува тој притисок и дека ја добива поддршката од меѓународната заедница.

Зеленски не предвиде како ќе заврши војната, но вели дека е убеден дека Украина ќе успее да постигне победа преку низа мали чекори. Тој, исто така, верува дека војната го направи украинското општество посилно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП