СВЕТ

Интернационалецот Мирчевски меѓу хероите што спречија трагедија во Србија(ВИДЕО)

Поранешниот најдобар стрелец во Првата македонска лига, Мартин Мирчевски, кој го носи дресот на српскиот тим ТСЦ од Бачка Топола, е еден од хероите кои спречија трагедија на магистралниот пат Суботица – Бачка Топола.

Фудбалерите на ТСЦ налетаа на верижен судир меѓу 14 возила, каде што имаше песочна бура и беше намалена видливоста, по што Мирчевски и неговите колеги излегоа од автомобилот за да ги запрат останатите возила.

Во судирот на магистралниот пат во Србија има 11 повредени, а за среќа нема загинати.