20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗбогум миниван: „Renault“ го претстави новиот „Espace“ (ФОТО/ВИДЕО)

Збогум миниван: „Renault“ го претстави новиот „Espace“ (ФОТО/ВИДЕО)

Со децении, „Renault Espace“ беше синоним за пространи мини комбиња, но како што знаете, таа класа на автомобили денес изумира.

Донекаде очекувано, „Espace“ стана „SUV“, зголемена верзија на компактниот „Austral“, со 7 седишта (достапен е и со 5 седишта).

Ако е некаква утеха, „Renault“ вели дека новиот „Espace“ е 215 килограми полесен од миниванот во заминување.

Кај моделот со пет седишта волуменот на багажникот е 777 литри, додека кај верзијата со 7 седишта багажниот простор е скромен и изнесува само 159 литри. Со преклопување на третото седиште, багажникот може да се зголеми на 677 литри.

Внатрешноста е речиси иста како и „Austral“, со 12,3-инчен дигитален инструмент табла и 12-инчен централен мултимедијален екран на системот.

Во понудата најпрво ќе биде хибрид со вкупно 200 ks и 205 Nm, во чиешто срце е турбо-бензинец. Повеќе технички детали ќе бидат познати наскоро.

Освен што има надградена задна суспензија, новиот „Espace“ нуди и систем за управување со задните тркала (кај некои верзии). Со овој систем кругот на вртење е намален на 10,4 m, како кај моделот „Renault Clio“, додека без него е 11,5 m.

„Renault“ ќе почне да прима нарачки за новиот „Espace“ оваа пролет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП