27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Lululemon“ ги израдува инвеститорите со скок на кварталната заработка

„Lululemon“ ги израдува инвеститорите со скок на кварталната заработка

„Lululemon“ објави силни приходи од продажба за празничниот квартал, што укажува на тоа дека побогатите потрошувачи сè уште купуваат облека за јога и покрај зголемувањето на цените на основните производи, пренесува „CNBC“.

Компанијата даде и подобра прогноза за својата нова фискална година.

Цената на акциите на „Lululemon“ порасна за околу 11% во после-пазарното тргување. До крајот на седницата во вторник акциите беа непроменети по вредност од почетокот на годината, а пазарната капитализација на компанијата беше 40,87 милијарди долари.

Нето добивката на „Lululemon“ за кварталот до 29-ти јануари падна на 119,8 милиони долари, или 94 центи по акција, од 434,5 милијарди долари или 3,36 долари по акција, една година порано. Со исклучок на одредени ставки, вклучувајќи ги и трошоците поврзани со стекнувањето на „Mirror“, заработката по акција беше 4,40 долари.

Приходите се зголемија на 2,77 милијарди долари од 2,13 милијарди долари една година порано.

Компанијата очекува приходот од фискалната 2023-та година да биде помеѓу 9,3 и 9,41 милијарди долари, надминувајќи ги очекувањата на Волстрит од 9,14 милијарди долари, според податоците на „Refinitiv“. „Lululemon“ прогнозираше заработка за цела година помеѓу 11,50 и 11,72 долари по акција, во споредба со просечната прогноза на „Refinitiv“ од 11,26 долари по акција.

„Гледајќи напред, остануваме оптимисти за нашата способност да обезбедиме одржлив раст и долгорочна вредност за сите засегнати страни“, коментира главниот финансиски директор Меган Френк.

Трговецот на спортска облека со седиште во Ванкувер рече дека неговиот вкупен споредлив приход од продажба за четвртиот квартал се зголемил за 27%. Метриката вклучува продажба во сите продавници што биле отворени најмалку 12 месеци.

„Lululemon“ во декември рече дека на крајот на третиот квартал, неговите залихи се зголемени за 85% во однос на претходната година. Сега компанијата сподели дека до крајот на 2022-ра година акциите се зголемени за 50%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП