По зголемениот број пријави од граѓани за гласна музика од угостителски објекти и непочитување на работното време во ноќните часови, Секторот за инспекциски работи на Општина Центар, во соработка со Државниот пазарен инспекторат, изминатиот викенд изврши контрола на неколку локали.
Поради пречекорување на работното време до 1 часот по полноќ на кафулињата „Интермецо“ и „Мош“, пазарната инспекција им изготви записници за затворање и забрана за работа од 10 дена. Решенијата до локалите ќе бидат доставени во текот на денешниот ден по што тие ќе бидат пломбирани.

