19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАОвие телефони се мета на хакери, дали и вашиот е меѓу нив?

Овие телефони се мета на хакери, дали и вашиот е меѓу нив?

Неодамнешното откритие на истражувачите во одделот „Project Zero“ на „Google“ покажа дека некои телефони имаат сериозен баг што не бара интеракција со корисникот за да се хакира уредот.

Името за овој феномен е „хак без клик“ (no-click hack) и се што му треба на хакерот е телефонски број. „Google“ го започна проектот за пронаоѓање на пропусти во оперативниот систем „Android“, „Chrome“ и други апликации.

Како дел од проектот, откриена е ранливост во модемите „Exynos“ произведени од „Samsung“. Четири ранливости се сметаат за најсериозни. Тие му дозволуваат на напаѓачот од далечина да го компромитира телефонот без интеракција со корисникот и само бараат од напаѓачот да го знае телефонскиот број на жртвата.

Ова се следниве уреди:

– Телефони од сериите „Samsung S22“, „M33“, „M13“, „M12“, „A71“, „A53“, „A33“, „A21“, „A13“, „A12“ и „A04“;

– Телефони од сериите „Vivo S16“, „S15“, „S6“, „X70“, „X60“ и „X30“;

– Серии на „Google Pixel 6“ и „Pixel 7“;

– сите преносливи уреди кои користат чипсет „Exynos W920“;

– сите возила кои користат чипсет „Exynos Auto T5123“.

Со цел да се заштитат, на корисниците им се препорачува да ги исклучат повиците преку Wi-Fi и услугата VoLTE во поставките на уредот за да ја намалат ранливоста и да го елиминираат ризикот.

Корисниците на телефонот „Google Pixel“ мора да го ажурираат својот уред до најновата верзија, објавена претходно овој месец, така што ќе го заштитат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП