26 април, 2024
ПочетнаСВЕТМајката на Одри, која уби 3 деца и 3 возрасни во училиште,...

Мајката на Одри, која уби 3 деца и 3 возрасни во училиште, повика на контрола на оружјето

Мајката на девојката од Нешвил која уби шест лица, вклучително и три 9-годишни деца во приватно училиште во Нешвил, рече дека штотуку ја изгубила ќерката. Таа самата повика на зголемена контрола на оружјето.

Норма Хејл зборуваше кратко откако нејзината ќерка Одри беше идентификувана како напаѓачот во училиштето.

„ Многу е тешко, мислам дека денес ја изгубив ќерка ми“, рече Норма, барајќи приватност додека нејзиното семејство се справува со последиците од масакрот на Одри.

Полицијата ја идентификуваше Одри како трансродова. Таа е родена како жена и се верува дека живеела како маж под името Ејдан, пишува „Дејли мејл“.

Објавена е и снимка од почетокот на нападот, на која се гледа како Одри го вози својот автомобил до паркингот во училиштето, а потоа пука на вратата од зградата и влегува внатре за да бара жртви.

Меѓу загинатите се три деца и тројца вработени во училиштето.

Објавите на Норма кои ги осудуваат пукањата во училиштата и повикуваат на зголемена контрола на оружјето дојдоа по масакрот во училиштето каде учела Одри.

На 21 февруари 2018 година, таа започна петиција да се направат нелегални магазините за пиштоли со голем капацитет, како одговор на престрелките во основното училиште Сенди Хук во 2012 година.

И на 8 март 2018 година, таа започна петиција да се чува оружјето надвор од училиштата со натпис: „Многу важно!“

Норма и нејзиниот сопруг Роналд се опишани како многу фини и религиозни соседи. Засега не е познат мотивот за масакрот што го изврши нивната ќерка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП