27 април, 2024
ПочетнаСВЕТРусија тестираше суперсонични противбродски ракети во Јапонското Море

Русија тестираше суперсонични противбродски ракети во Јапонското Море

Руската морнарица истрела суперсонични противбродски ракети врз лажна цел во Јапонското Море, објави руското Министерство за одбрана во вторник, 28 март.

„Во водите на Јапонското Море, бродовите на Тихоокеанската флота истрелаа крстосувачки ракети „Москит“ кон лажна непријателска цел“, се вели во соопштението на Телеграм.

„Целта, која се наоѓа на оддалеченост од околу 100 километри, беше успешно погодена директно со две крстаречки ракети „Москит“.

Ракетата P-270 Moskit, е суперсонична крстосувачка ракета со среден дострел од советско потекло, способна да уништува бродови на домет до 120 километри.

Јапонскиот министер за надворешни работи Јошимаса Хајаши изјави дека Токио ќе остане на будност за воените операции на Москва, додавајќи дека не е забележана штета по лансирањето на ракетата.

„Како што руската инвазија на Украина продолжува, руските сили исто така стануваат поактивни на Далечниот Исток, вклучително и околу Јапонија“, рече Хајаши на редовната прес-конференција.

Лансирањето на ракетата доаѓа една недела откако два руски стратешки бомбардери способни да носат нуклеарно оружје надлетаа над Јапонското Море повеќе од седум часа во, како што рече Москва, „планиран лет“.

Запрашан за плановите на Русија да распореди тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, Хајаши рече дека Јапонија го осудува потегот и бара Русија и Белорусија да престанат со „таквата акција што дополнително ќе ги зголеми тензиите“, пренесува Радио Слободна Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП