Во приватно христијанско основно училиште во Нешвил, САД, денеска се убиени три деца и тројца возрасни, додека младата жена која отвори оган е пронајдена мртва по вооружена пресметка со полицијата, соопштија официјални лица.
Во училиштето The Covenant, кое има околу 200 ученици од предучилишна до шесто одделение, три деца се здобиле со прострелни рани во нападот и лекарите можеле само да констатираат смрт.

