3 мај, 2024
ПочетнаСВЕТСЕВЕРНА КОРЕЈА ИСПАЛИ НОВИ БАЛИСТИЧКИ РАКЕТИ: Нова провокација пред пристигнувањето на американскиот...

СЕВЕРНА КОРЕЈА ИСПАЛИ НОВИ БАЛИСТИЧКИ РАКЕТИ: Нова провокација пред пристигнувањето на американскиот носач на авиони US S „Nimic“

Северна Кореја денеска истрела две балистички ракети со краток дострел во морето, источно од нејзиниот брег, соопшти јужнокорејската армија.

Ракетите биле истрелани од северната провинција Хвангае и прелетале околу 370 километри, соопшти Генералштабот на Јужна Кореја.

Ракетите најверојатно паднале пред ексклузивната економска зона на Јапонија, соопшти јапонската влада.

Денешното лансирање на ракетата дошло, како што пренесува Ројтерс, во пресрет на пристигнувањето на американскиот носач на авиони US S „Nimic“ и придружните бродови, кои утре ќе пристигнат во јужнокорејската база Бусан.

Јужнокорејската армија остро го осуди истрелувањето ракети, оценувајќи ги како сериозна провокација и кршење на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации, повикувајќи на итен прекин на таквите акции.

– Внимателно ќе ги следиме севернокорејските активности и ќе бидеме подготвени адекватно да одговориме на секакви провокации – соопшти јужнокорејскиот Генералштаб.

Јапонската влада, исто така, упати силен протест до Северна Кореја, велејќи дека лансирањето на ракетата претставува безбедносна закана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП