4 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАШто велат одличните консултанти

Што велат одличните консултанти

konsultanti1

Можеби вие нема да сакате да слушнете некои од овие работи, но на вашиот проект ќе му биде подобро доколку ги употребите.

Ангажирање на вистинскиот консултант е многу тешка работа бидејќи тоа не е физички производ кој што може лесно да се оцени. Покрај проверките на препораките често вашата одлука зависи во голема мера од тоа што ќе го каже консултантот.

Еве осум работи кои што ги кажуваат одличните консултанти:

1. „Не знам”

Консултантите сакаат да знаат. Не можеме да ги обвинуваме за тоа: Работата на консултантот е да даде одговор на прашањата кои што вие ги немате. Ако ги имате одговорите на сите прашања тогаш ќе немате потреба од нивната помош. Консултантот секогаш е подготвен да каже “не знам….ајде да го откриеме тоа” што е многу подобро отколку оние кои што се прават дека знаат се.

2. Имплементацијата може да ви создаде поголема болка отколку надежта

Сите проекти се непредвидливи. Најдобрите проекти се секогаш повеќе ризични бидејќи ним секогаш им се потребни промени. Консултантот кој што не го зема во предвид ризичниот фактор тогаш тој се смета за неискусен.

3. „Вие не можете да обезбедите клучно решение”

Вие не можете да обезбедите соодветно решение за одреден проблем во кој што не се разбирате односно немате познавање се додека консултантот не ви обезбеди соодветна опрема, хардвер или апликации. Вие секогаш ќе имате повеќе работа од предвиденото така што треба добро да го распределите вашето време за да можете навреме да ги завршите вашите работни обврски и со што е можно помали трошоци.

4. „Се уште не го разбирам барањето”

Некои консултанти сакаат нејасни барања, други сакаат да знаат што е можно повеќе работи бидејќи колку побрзо го разберат вашето барање толку побрзо ќе ви го достават решението на рака. За нив може да кажеме дека се одлични консултанти, бидејќи во детали го испитуваат проблемот се со цел побрзо да го пронајдат решението и добро да ја сработат својата работа.

5. „Може да го направите тоа на своја рака”

Одличните консултанти наоѓаат начини за да им заштедат пари на своите клиенти. Губење на мал дел од приходите е многу подобро отколку губењето на клиентите кога повеќе нема да сакаат да ги користат услугите. Консултантите дејствуваат исто како вас. Тие сакаат да изградат долгогодишни договори за соработка и задоволни клиенти пред се.

6. „Вашиот тим ми кажува нешто поинаку……ајде да го средиме тоа”

Што сакате вие а што вашите вработени се две различни работи. Вработените посакуваат долги листи кои што се доста профитабилни за консултантите. Побарајте консултанти кои што се обидуваат да најдат соодветни алтернативи и решенија кои што ќе го опфатат проектот кој што е јасно дефиниран. Јасно дефинираниот проект ве штити вас.

7. „Ќе се вратиме подоцна за да видиме како се одвиваат работите”

Сите консултанти се фокусираат на одлично завршената работа. Проблемот е што некои од нив сметаат дека успешно завршување на работата значи и конечна исплата. Добрите консултантите се грижат проектот да биде добро завршен и клиентите да бидат задоволни од извршената работа.

8. „Не”

Ретко консултантот може да ви обезбеди се што ви е потребно за цената која што ја нуди. Не е разочарувачки одговор кој што многу често се слуша но некогаш многу е подобро да направите план врз реална основа отколку врз основа на празни ветувања. Голем дел од консултантите работат врз основа на “се согласувам сега, но ќе ги применам подоцна” принципот. Вие треба да пронајдете некој кој што нема да го прави тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП