3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Новиот изум на човештвото ќе не погоди како торнадо“: Научниците штотуку создадоа...

„Новиот изум на човештвото ќе не погоди како торнадо“: Научниците штотуку создадоа нешто што ќе направи светот никогаш да не биде ист

За само неколку месеци, составот на вештачката интелигенција „ChatGPT“ донесе вистинска револуција – дава совети, пишува и лекторира текстови, помага при поправки на автомобили и многу повеќе.

Познатиот американски есеист и повеќекратен добитник на Пулицеровата награда, Томас Лорен Фридман, во својата најнова колумна за Њујорк Тајмс се обиде да објасни што тоа може да значи за човештвото, пишува Јутарњи лист.

Тој раскажа како минатата недела доживеал неверојатно, но во исто време и вознемирувачко искуство.

Крег Мендл, поранешен главен службеник за истражување и стратегија во Мајкрософт го демонстрираше GPT-4, најнапредната верзија на четботот за вештачка интелигенција, развиен од OpenAI.

Крег истакна дека мисли дека ова е најголемиот изум на човештвото досега, кој ќе донесе трансформација.

Тој додаде дека големите јазични модели како ChatGPT постојано ќе ги зголемуваат своите способности и ќе нè водат кон „облик на општа вештачка интелигенција“ и ќе овозможат иновации во идеи и откритија кои никогаш претходно не биле можни.

Според Фридман, Крег прво побарал од GPT-4 накратко да го опише музејот „Планет ворд“ и неговата мисија, а тоа го направил совршено, за само неколку секунди.

Потоа го замолил да го стори истото во 200 зборови, а тоа траело неколку секунди, а потоа го замолил да го стори истото на арапски, мандарински и англиски, но во форма на сонети на Шекспир. Сето тоа траеше само две секунди.

„Ќе бидеме погодени од торнадо“

Друга работа што му падна на ум беше сцената на почетокот на Волшебникот од Оз – торнадото што разнесува сè и создава вител, вклучувајќи ги Дороти и Тото, а потоа сцената каде што сите тие го напуштаат секојдневниот, црно-бел Канзас за футуристичка земја на Оз, каде сè е во боја.

„Токму тоа е вид на торнадо што ќе не погоди. Ова е прометејски момент, еден од оние моменти во историјата кога се воведуваат нови алатки, начини на размислување и извори на енергија кои претставуваат промена од она што постоело, каде што можете да промените не само едно, туку сè – начинот на кој создавате, како работите, но и како изневерувате, правите злосторства и водите војни“, рече Фридман.

Но, како што Дороти ги откри добрите и лошите вештерки на Оз, така ќе биде и ChatGPT, предвидува тој.

Последен пат кога човекот измислил таква моќна технологија беше нуклеарната енергија – може да се користи за да ја осветли цела земја или да ја уништи цела планета.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП