2 мај, 2024
ПочетнаСВЕТШефот на НАТО: Западот мора да се подготви за долга војна, Путин...

Шефот на НАТО: Западот мора да се подготви за долга војна, Путин не планира мир

Рускиот претседател Владимир Путин нема непосредни планови за мир во Украина и затоа Западот треба уште долго да се подготвува да му пружи помош на Киев, предупреди генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во интервју за Гардијан.

Столтенберг рече дека рускиот претседател е вклучен во „војна на исцрпување“ и сака членките на НАТО да се согласат да потрошат најмалку 2 отсто од БДП за одбрана на следниот самит на алијансата во главниот град на Литванија, Вилнус.

Жестоките борби, кои во моментов се насочени околу Бахмут, во источна Украина, покажуваат дека Русија е подготвена „само да фрли илјадници и илјадници војници, да земе многу жртви за минимална добивка“, рече шефот на НАТО.

„Путин не планира мир, тој планира уште војна“, продолжи Столтенберг, додавајќи дека Русија го зголемува военото индустриското производство и „посегнува до авторитарни режими како Иран, Северна Кореја и други за да се обиде да набави повеќе оружје“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП