19 април, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈААрсовска: Може да се почне со изградба на лунапарк, се набавуваат реквизити

Арсовска: Може да се почне со изградба на лунапарк, се набавуваат реквизити

Расчистување на местото, набавка на реквизити и нивна монтажа. Вака ќе тече процесот за изградба на „Луна паркот“ кој е затворен од 2017 година. Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, посочи дека е отпочната постапката за набавка на реквизити. Досега, се средувале технички работи поврзани со обезбедување документација.

„Во овој момент откако се добиени сите документи, се отпочнува постапката да се обезбедат дополнително бројот на реквизити, а на самиот терен ќе се отпочне со расчистување на теренот и постапување на постаментите и изградбата на инфраструктура која треба да биде обезбедена пред монтажата на реквизитите“, кажа Арсовска.

Според неа, кога дошла на функцијата, во Градот Скопје не бил завршен проектот.

„Не може да се инвестира кога за истото немало завршен проект. Од претходното раководство беше отпочнато со изработка на проект, а ништо од она што е отпочнато нема да го застанеме. Го прифативме проектот, беше во завршна реализација и до Град Скопје беше доставен минатиот месец. Тука исто така имаше процес како таков опфаќаше обезбедување на неопходните дозволи од ресорната Општина Карпош, за да има формално правна можност да се отпочне со градба. И сега постапките започнуваат. Имаше забелешки за ревизијата за начинот како се воделе постапките во и минатото, бидејќи таму имало објекти и лица кои имале соодветни договори за закуп. Сите недостатоци се надминати и може да се започне со изградбата на Луна паркот“, додаде Арсовска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП