20 мај, 2024
ПочетнаСВЕТМедиуми: Кси на заминување му кажа нешто на Путин од што ја...

Медиуми: Кси на заминување му кажа нешто на Путин од што ја заледи крвта на Западот (ВИДЕО)

Пред да замине од Москва, каде што два дена претстојуваше со Владимир Путин, кинескиот претседател Кси Џинпинг му рекол на рускиот колега дека „доаѓаат промени“.

„Доаѓа промена која не се случила во последните 100 години. Ќе ја донесеме со заеднички сили“, му рекол Кси на Путин, според Дејли мејл. Во текстот, сепак, се додава дека Западот треба да биде загрижен од ваквата изјава на кинескиот лидер.

Загрижувачката порака за промени „како што светот не видел 100 години“, наводно била испратена откако Путин рекол дека ќе одговори на плановите на Велика Британија да испрати муниција што содржи осиромашен ураниум во Украина.

„Ние сме еден чекор поблиску до употреба на оружје со нуклеарна компонента доколку тоа се случи“, рече рускиот претседател.

„Се чини дека Западот сака да војува со Русија додека не падне последниот украинец“, рече рускиот претседател.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави денеска дека светот е „на дофат“ на нуклеарна катастрофа. „Направен е уште еден чекор. Остануваат сè помалку од нив“, рече Шојгу.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП