Во мај 2007 година, еден месец пред лансирањето на првиот iPhone, Credit Suisse, со пазарна капитализација од 90 милијарди долари, вредеше повеќе од Apple, кој тогаш вредеше 86 милијарди долари.
Оттогаш, акциите на Credit Suisse паднаа за 99 отсто. На крајот на неделата мораше да се спаси со преземањето од страна на ривалската банка UBS, која немаше време ниту за внимателно испитување, па многу е можно да испаднат уште “скелети од плакарот”.

