4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПристигна најдобриот, најубав и најтенок мобилен телефон во Македонија - Huawei Ascend...

Пристигна најдобриот, најубав и најтенок мобилен телефон во Македонија – Huawei Ascend P6

NAK_2216 copy

Huawei, глобалниот водечки провајдер на информатички и комуникациски технолошки решенија, денес во Скопје го претстави HUAWEI Ascend P6, еден од најтенките паметни телефони во светот, со дебелина од само 6,18 мм. Новиот паметен телефон е опремен со четиријадрен процесор со јачина од 1,5 GHz и има елегантни и тенки линии во металик боја. Со својот 4,7-инчен екран со висока резолуција и предната камера од 5MP, HUAWEI P6 е вистинско олицетворение на елеганцијата и префинетиот вкус.

HUAWEI Ascend P6 е ултратенок – само 6,18 мм и тежи 120 грама. Иако е доволно мал за да може да биде сместен секаде, стилскиот Huawei P6 е дизајниран да биде виден и посакуван! Опремен е со 1,5 GHz четиријадрен процесор, оперативен систем Android 4.2.2, батерија 2000mAh, 4,7-инчен HD-екран со LCD-технологија и опција „MagicTouch“, која овозможува подобрена чувствителност на екранот, дури и кога корисникот носи ракавици.

Auto_Scene_Sunny_12Jun13

Како водечки телефон во Huawei P-серијата, HUAWEI Ascend P6 е олицетворение на најсовремениот дизајн, кој ги задоволува вкусовите и на најпребирливите трендсетери. Полираниот металик-изглед и природно заоблената основа го прават овој паметен телефон беспрекорно елегантен. HUAWEI Ascend P6 совршено ги балансира модерните карактеристики и функциите по мера на корисниците.

Предната камера од 5MP има ефекти слични на Фотошоп, кои автоматски ве разубавуваат, затоа е перфектна за автопортрети што ќе сакате да ги споделите.
Неговата 8MP задна BSI-камера има можност за макрофотографирање (фотографирање од блиску) на растојание од 4 см од предметот, а овозможува и снимање видео во full HD-резолуција и плејбек.

NAK_2358 copy

Фотографскиот софтвер на Huawei-IMAGESmart го претвора и фотографот-почетник во вистински професионалец, со помош на автоматските приспособувања на контрастот и бојата, автофокусот на објекти, можноста за автоматска детекција на околните услови и можноста за фотографирање согласно со опкружувањето.

Овој паметен телефон користи и кориснички интерфејс Emotion UI. Инспириран од корисниците низ целиот свет, Huawei собра податоци од над 5 милиони корисници, кои помогнаа да се оптимизира последната верзија на Emotion UI. Подобрениот кориснички интерфејс вклучува низа подобрувања на Uni-Home, како зголемена безбедност, Huawei Me Widget, MagicTouch и SmartReading. Новина во Huawei’s Emotion UI е тоа што сега нуди панорамско фотографирање и можност за препознавање лица на фотографиите.

Auto_Scene_LowLight_12Jun13

Уникатнaта батерија за оптимизација Automated Discontinuous Reception (ADRX) и Quick Power Control (QPC) и технологијата за зачувување на енергијата ги подобрува перформансите за повеќе од 30%, во споредба со батериите на паметните телефони со иста големина. Со неговите мулти AirSharing можности, можете да се поврзете со голем број уреди и на тој начин да ја зголемите својата продуктивност во работата, лесно да споделувате документи од уред на уред или да го подобрите гејмерското искуство.

NAK_2281 copy

Huawei Ascend P6 ќе биде достапен во Македонија исклучиво во продавниците на Т-Мобиле, во почетокот на октомври 2013 година, во црна и бела боја. Сите заинтересирани корисници за овој телефон ќе може да ја искористат можноста да го купат со попуст од 10 % доколку се регистрираат на www.t-mobile.com.mk или, пак, да подигнат ваучер во некоја од најблиските продавници на Т-Мобиле во периодот од 26.9.13 до 9.10.13. Искористувањето на попустот е во периодот од пристигнувањето на 1.10.2013 до 31.10.2013.

 

 

За Huawei

Кон крајот на 2012 година производите на Huawei и нивните услуги се распространети во повеќе од 140 земји, опслужувајќи повеќе од една третина од светското население. Huawei, исто така, воспостави повеќе од 20 R & D-центри низ целиот свет, меѓу кои и во земјите: САД, Германија, Шведска, Русија, Индија и Кина. Consumer business се едни од трите Huawei бизнис-групи што нудат палета на производи како мобилни телефони, мобилни широкопојасни интернет-уреди, домашни уреди, Cloud-сервиси и кориснички чипсети. Со повеќе од 20 години богата бизнис-експертиза во информатичката и комуникациска технологија (ICT), богата глобална мрежа, огромни глобални бизнис-операции и партнери, Huawei преку Huawei-уредите е посветен на овозможување на најновата технологија за потрошувачите, нудејќи свет на можности и создаваjќи извонредни искуства за луѓето насекаде.

NAK_2316 copy

 

Auto_Face_12Jun13

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП