25 април, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАИзвештај на Стејт департментот: Корупција, влијание во судството и закани кон ЛГБТ...

Извештај на Стејт департментот: Корупција, влијание во судството и закани кон ЛГБТ заедницата

Корупција, влијанија во судството но и закани насочени кон ЛГБТК популацијата се нотирани годишниот извештај на Стејт департментот за Македонија.

Во заклучокот во делот на човековите права се посочува на пренатрупаност во одредени затворски одделенија; насилство и закани врз новинари; сериозна владина корупција; недостаток на одговорност за родово и семејно насилство; и злосторства кои вклучуваат насилство и закани кон ЛГБТ заедницата.

Позитивен е заклучокот дека Владата презела чекори за идентификување, истрага, кривично гонење и казнување на функционерите кои извршиле злоупотреба или учествувале во корупција, но во четвртата точка од извештајот се наведува дека иако власта главно ги спроведувала законите кои предвидуваат казнивост за корупција од страна на државни службеници, сепак, и во 2022 година постојат извештаи за функционери што подлежат на коруптивни дејствија.

„Владата останува најголемиот работодавач во земјата, а невладините организации изјавија дека доминантната улога на владата во економијата создава можности за корупција. Јавните анкети постојано ја наведуваа корупцијата како една од главните грижи за граѓаните“, се посочува во извештајот на Стејт департментот.

Уставот предвидува автономни и независни судови, но владата не секогаш ја почитувала судската независност и непристрасност. Случаите на несоодветно однесување на судството, несоодветниот политички и деловен притисок врз судиите, долготрајната правда, како и несоодветното финансирање и екипирање на судството продолжија да ја попречуваат ефикасноста на судот и да влијае на довербата на јавноста во владеењето на правото.

За полицијата, Стеј департментот забележува дека се одржува внатрешната безбедност, вклучително миграцијата и спроведувањето на границите, но нотирано е и дека припадниците на безбедносните сили извршиле злоупотреби. Според извештајот, имало пријави за тортура, казнување и нехумано постапување од страна на полицијата кон затвореници и притвореници. За вакви случаи до Народниот правобранител стигнале вкупно 103 пријави.

Медиумите и известувањата, се додава во извештајот, продолжија да бидат во голема мера поделени по политички линии, но бројот на независни медиуми кои активно изразуваат различни ставови без очигледни ограничувања продолжи да се зголемува. Во извештајот е забележано и повикувањето на новинар на „информативен разговор“ во полициска станица.

Според извештајот на американскиот Стејт департмент внимание треба да се обрне и на статистиката за семејното насилство. Имено, од јануари до јуни се регистрирани 662 случаи, а надлежните органи не секогаш преземаат мерки навреме.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП