28 април, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАПочина македонскиот актер Димче Мешковски

Почина македонскиот актер Димче Мешковски

Почина Димче Мешковски, македонски театарски, филмски и телевизиски глумец и хуморист. Мешковски е роден на 31 октомври 1945 година во Скопје, а почина на 77-годишна возраст.

Беше глумец во Драмскиот театар – Скопје.

Остварил улоги во многу театарски претстави, како „Диво месо“, „Солунски патрдии“, „Хамлет од Долно Гаштани“, телевизиски серии, како „Македонски народни приказни“, радиодрами и хумористични серии, меѓу кои и „Хихирику“, и играни филмови, како „Викенд на мртовци“.

Својот глас го позајмувал и при синхронизацијата на цртани филмови, меѓу кои и Гаргамел во „Штрумфови, а познат е и по улогата на Дедо Мраз во новогодишните претстави за деца. Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и наградата „Војдан Чернодрински“ за животно дело.

Тој е татко на познатата македонска пливачка Наташа Мешковска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП