18 мај, 2024
ПочетнаСВЕТСите погледи вперени кон Америка: Се прави план за можно приведување на...

Сите погледи вперени кон Америка: Се прави план за можно приведување на Трамп?

Бариерите се поставени како дел од подготовките за првата кривична постапка против американски претседател, два дена откако Трамп ги повика своите поддржувачи да протестираат, како што рече, неизбежно апсење. Оваа информација ја пренесоа и бројни американски медиуми, повикувајќи се на објавениот извештај, а во прилог на тоа говори и податокот дека низ Њујорк и Вашингтон се поставуваат барикади.

Градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс изјави за новинарите дека полицијата ги следи медиумите и се грижи за ситуацијата во градот.

Официјални лица за спроведување на законот се состанаа неодамна на Менхетен за да разговараат за обвинението против Трамп, кое би можело да биде поднесено во вторник или среда, како и за неговото можно апсење.

Големата порота се очекува да го обвини поранешниот Трамп подоцна денеска или во среда.

На состанокот во седиштето на њујоршката полиција, покрај претставници на тој оддел, присуствуваа и претставници на американската тајна служба, судски службеници и службеници од канцеларијата на окружниот обвинител на Менхетен, Алвин Брег.

„Ќе разговараме како да го доведеме Трамп во притвор“, изјави извор од истрагата за американските медиуми, додавајќи дека се уште не е донесена одлука.

Трамп: Се спрема мое апсење, излезете на улица

Реагирајќи на извештаите објавени во медиумите, поранешниот американски претседател рече дека има информации дека се планира негово апсење и ги повика приврзаниците на протести.

Трамп рече дека „незаконските протекувања“ од канцеларијата на окружниот обвинител на Менхетен укажуваат дека тој ќе биде уапсен, но не прецизираше за какви обвиненија ќе биде. Тој потоа преку социјалните мрежи ги повика своите поддржувачи да излезат на улица – „Протест, вратете ни ја државата“.

Кога запечатеното обвинение ќе биде доставено до судијата, обвинителството ќе разговара за предавањето на Трамп со неговиот адвокат, изјави неименуваниот судски функционер, додавајќи дека доколку Трамп не се предаде, по него ќе биде распишана потерница.

Дали Трамп ќе биде оптужен?

Претходно оваа година, окружниот обвинител на Њујорк, Алвин Брег, ја повика големата порота да испита дали има доволно докази за кривично гонење на поранешниот претседател за парите исплатени на Сторми Даниелс.

Тој е човекот што ќе одлучи дали ќе биде поднесена пријава или не.

Големата порота се одржува зад затворени врати и ја формира обвинителот за да утврди дали има доволно докази за покренување обвинение во случајот.

Доколку биде покренато обвинение, тоа ќе биде прва кривична постапка против поранешен претседател на САД.

Зошто Трамп е на удар

Имено, во 2016 година, во текот на последните недели од првата претседателска кампања на Трамп, наводно ѝ биле исплатени 130.000 долари на порно ѕвездата Сторми Даниелс, која договарала настап во медиумите за да ги објави наводите за сексуална врска што ја имала со Трамп една деценија претходно.

Неговиот сегашен адвокат вели дека Трамп е повикан да сведочи пред големата порота во Њујорк, но не планира да го стори тоа.

Плаќањата оделе преку поранешниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен, кој на сличен начин плаќал на друга жена – сето тоа по инструкции на Трамп.

Трамп негираше каква било сексуална врска со Даниелс откако се појавија обвинувањата во 2018 година.

Адвокатот Коен беше обвинет по повеќе обвиненија, одлежа затворска казна и беше отпуштен од адвокатската комора.

Во меѓувреме, Даниелс се сретна со обвинителите на Менхетен, одговори на нивните прашања и е подготвена да сведочи, објави нејзиниот адвокат Кларк Брустер на Твитер.

Како започна сето тоа

Сторми Даниелс, чие вистинско име е Стефани Клифорд, рече дека го запознала Трамп на хуманитарен голф турнир во 2006 година.

Таа тврдеше дека парот имале секс во хотелска соба на езерото Тахо, а тогашниот адвокат на Трамп „жестоко“ ги негираше наводите.

Сопругата на Трамп, Меланија, која тогаш се породи, не беше на турнирот во голф.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП