26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДокторка покажа брз тест кој ја открива вистинската состојба на вашето срце:...

Докторка покажа брз тест кој ја открива вистинската состојба на вашето срце: Ако не можете да го направите ова, веднаш одете на преглед

Главната цел на тестот е да се процени кардиоваскуларното здравје.

Тестот „седи-стани“ ги полуде луѓето ширум светот, а истражувањата покажуваат дека може да предвиди колку сме здрави и колку долго ќе живееме.

Студија од 2012 година покажа дека овој тест предвидува смртност кај испитаниците на возраст меѓу 51 и 80 години. Според д-р Азар, колку е помал резултатот, толку е помала шансата за долг живот. Ова беше утврдено и со фактот дека најстарите луѓе постигнале најниски резултати, што дополнително имплицира дека имале поголем ризик да умрат во следните шест години.

За што всушност се работи?

– Тоа е индиректен показател за вашето здравје – изјави д-р Натали Азар. – Тестот започнува додека стоите, потоа треба да седнете со скрстени нозе, а потоа повторно да станете. Звучи многу едноставно, но вистината е дека многу луѓе се изненадени. Преместувањето од стоечка во седечка положба и обратно без користење на рацете може да биде комплицирано за многумина. Овој едноставен тест е ефикасен показател за здравјето бидејќи бара добро кардиоваскуларно здравје, добра рамнотежа, мобилност, флексибилност и сила на телото.

Како да го направите тестот?

-Застанете исправено и дајте си 10 поени
-Седнете на подот со прекрстени нозе без никаква помош од рацете
-Вратете се во стоечка положба без да ги користите рацете

Секој пат кога користите рака, колено, подлактица или било што друго за да си помогнете, одземете си поен. Ако можете да седнете и да станете без помош, добивате совршени 10 поени. Ако воопшто не можевте да станете, вашиот резултат е нула.

Резултати

-Осум поени или повеќе е она што го сакате. Сепак, има многу работи кои тестот не ги зема предвид, како повредите. Затоа, почекајте додека не се опоравите за да го испробате тестот. Покрај тоа, тестот исто така не ги зема предвид мускулно-скелетните ограничувања. Затоа, ако имате проблеми со движењето, вашиот резултат можеби никогаш нема да биде 10. Тоа не значи дека не сте здрави и фит – објасни докторката и додаде дека и болките во грбот имаат улога во резултатот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП