24 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАApple подготвува уред со флексибилен екран - ќе има иновативна технологија

Apple подготвува уред со флексибилен екран – ќе има иновативна технологија

Веќе слушнавме информации дека Apple планира да влезе во пазарната трка во областа на уреди со флексибилен екран, а новиот патент дополнително го потврдува тоа.

Сеуште не е познато дали Apple планира да претстави iPhone со флексибилен екран, или iPad или некој друг уред, но компанијата секако не планира да го игнорира овој сегмент од пазарот, кој се уште се развива.

Се појави патент во кој Apple ја опишува технологијата за уреди со флексибилни екрани кои автоматски би го активирале екранот да се затвори доколку телефонот или таблетот падне.

Технологијата користи сензори и акцелерометар кој може да препознае дека уредот паѓа од височина, по што екранот се затвора. На овој начин може да се избегнат или да се намалат можните штети.

Патентот, исто така, наведува дека ако екранот не е целосно затворен, може да се спречи поголема штета ако екранот на уредот е делумно затворен во споредба со падовите кога екранот е целосно изложен на пад од поголема височина на тврда површина.

Засега нема гаранции дека овој патент ќе биде имплементиран. Како и секогаш, кога се во прашање патентите, нивната реализација може да биде премногу комплицирана, скапа и никогаш не е сигурно дека ќе бидат комерцијализирани.

Засега Apple официјално не коментира за можните планови за развој на уред со флексибилен екран.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП