10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОбзорник Интернационал - најдобар медиум за интерно комуницирање

Обзорник Интернационал – најдобар медиум за интерно комуницирање

zavarovalnica_triglav_zgrada

Љубљана, 25 септември 2013 година – На меѓународната маркетинг конференција ПОМП Форум беа доделени словенечките годишни награди за најголемите достигнувања во ова подрачје. Словенечки Форум за корпоративни медиуми го додели признанието за најдобар медиум за интерно комуницирање на Заваровалница Триглав за Обзорник Интернационал.

Во Љубљана минатата недела беше одржана 4-та меѓународна конференција за содржински маркетинг – ПОМП Форум. На конференцијата зборуваа меѓународни и словенечки експерти за моќта на приказната и нејзината непроценлива вредност при креирање на добра содржина. Словенечки Форум за корпоративни медиуми на крајот на ПОМП Форумот ги додели и годишните награди за најголемите достигнувања во подрачјето на содржински маркетинг (content marketing). Наградата ПОМП за најдобар медиум за интерно комуницирање ја доби Обзорник Интернационал. Според жирито, првото меѓународно интерно списание во историјата на Триглав, кое се издава два пати годишно, на седум јазици – словенечки, хрватски, српски, македонски, чешки, босански и црногорски, е иновативно, креативно и ефикасно достигнување, кое ги исполува, а можеби и ги надминува долгорочните комуникациски, маркетиншки и деловни цели. „Ова е комплексен проект, базиран на разбирливата одлука за издавање на списание за вработените во целата групација, т.е. на сите пазари каде делува групацијата Триглав, и тоа на локалниот јазик за секој пазар поединечно. На тој начин, содржината која заеднички ја подготвува уредништвото составено од претставници од сите пазари на групацијата, уште повеќе се приближува до читателите т.е. до вработените, на што укажуваат и одличните резултати. Списанието ги достигнува, а можеби и ги надминува поставените цели“, запиша стручното жири за медиумот, наменет за вработените во групацијата Триглав во седум европски земји и на осум пазари.

На Заваровалница Триглав и беше доделена посебна пофалба и признание во категоријата Најдобра комуниција во социјалните медиуми за проектот „Да ги исчистиме планините. Жирито, во кое членуваа експерти од доменот на уредништво, маркетинг и односи со јавноста, оваа еколошка акција ја оцени како: „исклучително интелигентна и осмислена комуникацијска стратегија на Заваровалница Триглав во повеќе социјални медиуми, интегрирана и со други алатки, кои се користеа за истата намена. Но, не само тоа. Со ваква он-лајн комуникација, осигурителната компанија создава проактивна заедница на приврзаници и промотери на проектот, со што придонесува кон ширење на движењето за заштита на природата во планините“.

Големиот ПОМП за проект на годината од подрачјето на содржински маркетинг го прими Јавниот институт Арнес за проектот СИ-ЦЕРТ. Повеќе за тоа на: http://www.pomp-forum.si/.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП