20 мај, 2024
ПочетнаСВЕТПрви детали од средбата меѓу Путин и Кси: Фокусот е на кинескиот...

Први детали од средбата меѓу Путин и Кси: Фокусот е на кинескиот план за мир во Украина, но и на односите меѓу двете светски сили

Рускиот претседател Владимир Путин денеска пред средбата со кинескиот претседател Кси Џинпинг изјави дека се запознал со планот за мир во Украина предложен од Пекинг и рече дека Русија секогаш ќе биде отворена за преговарачкиот процес.

„Внимателно ги проучувавме вашите предлози за решавање на акутната криза во Украина… Секогаш сме отворени за преговарачкиот процес. Дефинитивно ќе разговараме за сите овие прашања, вклучувајќи ги и вашите иницијативи, кои безусловно ги почитуваме“, рече Путин во неформалниот разговор на почетокот на државната посета на Кси и му честиташе на претседателот за неговиот реизбор по трет пат, што само покажува дека Путин верува дека народот на Кина ја цени работата на претседателот цела деценија.

„Во последниве години, Кина направи огромен скок напред во својот развој. Тоа е од искрен интерес за целиот свет, па дури и малку ви завидуваме“, рече Путин.

Џингпинг му рекол на Путин дека секогаш го нарекува драг пријател и додаде дека Русија постигнала успех и просперитет благодарение на силното водство на нејзиниот претседател.

Кинескиот претседател изрази уверување дека рускиот народ ќе го поддржи Путин во неговите напори.

„Кинеската страна посветува големо внимание на развојот на кинеско-руските односи, бидејќи тоа има своја историска логика, бидејќи ние сме најголеми соседни земји, ние сме партнери во сеопфатна стратешка соработка. Токму овој статус одредува какви треба да бидат блиските односи меѓу нашите земји“, рече тој.

По воведните зборови, двајцата лидери започнаа разговори во „тет-а-тет“ формат, а потоа ќе ги продолжат разговорите за време на вечерата.

Официјалната средба меѓу Путин и Кси Џингпинг ќе се одржи во Големата палата Кремљ утре во 15 часот.

Ова е прво меѓународно патување на кинески лидер од неговиот реизбор и ќе трае до 22 март.

Кси Џинпинг, како шеф на државата, ја посети Русија осум пати од 2013 година, повеќе од која било друга земја.

Севкупно, во изминатите десет години, Владимир Путин и Кси Џингпинг се сретнале повеќе од 40 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП