8 мај, 2024
ПочетнаСВЕТТрамп: Може да се случи да ме уапсат во вторник

Трамп: Може да се случи да ме уапсат во вторник

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека по „протекување незаконски информации“ би можел да биде уапсен во вторник и ги повика своите приврзаници да протестираат.

Во објавите на неговата социјална мрежа, Трамп алудираше на извештаите дека наскоро може да се соочи со кривична пријава во Њујорк поврзана со плаќање на филмската ѕвезда за возрасни Сторми Даниелс во замена за нејзино молчење, објави NBC News.

Трамп не кажа дали бил информиран од органите на прогонот за претстојното обвинение. NBC News во петокот објави дека агенциите за спроведување на законот подготвуваат можни обвиненија против Трамп на почетокот на следната недела.

Локалните, државните и федералните органи за спроведување на законот и безбедносните агенции, наводно, се подготвуваат за можноста поранешниот претседател Трамп да биде обвинет на почетокот на следната недела, според пет високи претставници запознаени со подготовките.

Агенциите за спроведување на законот спроведуваат безбедносни проценки, изјавија официјални лица и разговараат за потенцијалните безбедносни планови во и околу Кривичниот суд на Менхетен во случај Трамп да биде обвинет дека и платил на Даниелс за да молчи.

Трамп, кандидатот за републиканска претседателска номинација, го осуди „незаконското протекување“ што „навестува“ дека ќе биде уапсен во вторник.

Протестирајте, вратете ја нашата земја назад“, рече Трамп.

Трамп негираше дека направил нешто незаконско и ја нарече истрагата на демократскиот обвинител на Менхетен, Алвин Брег, продолжување на партискиот „лов на вештерки“ против него.

Тој, исто така, ја обвини Брага, која е Афроамериканка, дека е „расист“.

Клучен сведок во овој случај е Мајкл Коен, поранешниот адвокат и „фиксер“(човек кој ги завршува сите проблеми во конфликтни ситуации) на Трамп, кој минатата недела сведочеше пред големата порота.

Коен пред федералниот суд во 2018 година призна дека незаконски и платил на Даниелс, како и на зајачицата на Плејбој, Карен Мекдугал, да молчат за наводната афера со претседателот.
За тоа дело, како и за некои други, тој е осуден на три години затвор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП