20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАМајкрософт додаде вештачка интелигенција во Office пакетот

Мајкрософт додаде вештачка интелигенција во Office пакетот

Мајкрософт објави нови планови како да ја направи вештачката интелигенција достапна за повеќе корисници, како одговор на ривалските достигнувања на Google во истата област.

Компанијата го претстави новиот Copilot, односно асистент-вештачка интелигенција за пакетот Microsoft 365, кој вклучува Word, Excel, PowerPoint и Outlook, пренесува Reuters.

„Веруваме дека оваа следна генерација на вештачка интелигенција ќе отвори нов бран на раст на продуктивноста“, рече извршниот директор на Мајкрософт, Сатја Надела, на денот кога цената на акциите на Мајкрософт се зголеми за речиси четири отсто.

Ројтерс известува дека лудилото за инвестирање и создавање нови производи засновани на вештачка интелигенција започна со лансирањето на ChatGPT, апликација за разговор со вештачка интелигенција минатата година, за која велат дека го демонстрира потенцијалот на таканаречените големи јазични модели.

Ваквата технологија учи од веќе постоечките и достапни податоци како да креира нова содржина, а оваа недела компанијата што ја креираше таа апликација OpenAI го објави лансирањето на верзијата GPT-4.

„Персонализација“ на вештачката интелигенција

Функциите на таа апликација ги имитира апликацијата Copilot на Мајкрософт, а од компанијата најавуваат дека апликацијата „ќе поттикне повеќе луѓе да го користат пакетот Office и ќе ја зголеми одвоеноста од конкурентите“.

Потпретседателот на Мајкрософт Џон Фридман рече дека разговорот со апликацијата на Мајкрософт е најголемото искуство од кое една апликација може да учи.

„На пример, корисникот може да праша: „Кажете му на мојот тим како да ја ажурира стратегијата на производот“, а вештачката интелигенција ќе повлече податоци од е-поштата, состаноците или разговорите од тоа утро“, рече Фридман.

Тој додаде дека на долг рок вештачката интелигенција треба да биде поперсонализирана.

„Ние често ги принудуваме луѓето да се прилагодат на машините и системите што ги создадовме. Ова е нешто што ќе почне да се прилагодува на вас“, заклучил Фридман.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП