22 април, 2025
ПочетнаСВЕТВо понеделник Си Џинпинг ќе ја посети Русија, за прв пат по...

Во понеделник Си Џинпинг ќе ја посети Русија, за прв пат по инвазијата на Украина

Кинеското Министерство за надворешни работи потврди дека кинескиот претседател Си Џинпинг од 20 до 22 март ќе престојува во официјална посета на Руската Федерација.

„На покана на претседателот на Руската Федерација Владимир Путин, претседателот Си Џинпинг ќе престојува во државна посета на Русија од 20 до 22 март“, рече портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Хуа Чунјинг во соопштение објавено на веб-страницата на Министерството во петокот.

Тоа ќе биде прва посета на Си на Русија откако Путин ја нападна Украина минатата година. Кремљ објави дека двајцата лидери Владимир Путин и Си Џинпинг ќе разговараат за „стратешка соработка“.

„За време на разговорите ќе се разговара за актуелни прашања за натамошен развој на сеопфатни партнерски односи и стратешка соработка меѓу Русија и Кина. Планирана е и размена на мислења во контекст на продлабочување на руско-кинеската соработка на меѓународната сцена. Ќе бидат потпишани билатерални документи“, соопшти Кремљ.

Посетата ќе послужи за да се покаже блискоста на Русија и Кина во време кога Русија е под бројни санкции од западните земји поради инвазијата на Украина.

Претходно медиумите објавија дека кинескиот претседател по посетата на Русија ќе има телефонски разговор со претседателот на Украина Володимир Зеленски.

Кина остана неутрална позиција по прашањето за војната во Украина и досега официјално не испрати оружје во Русија, но економски ја поддржува Русија со купување на големи количини од нејзините енергетски производи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП