29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Carlsberg“ сè уште не најде купувач за својот руски бизнис

„Carlsberg“ сè уште не најде купувач за својот руски бизнис

Данскиот производител на пиво „Carlsberg“ ги демантираше медиумските извештаи дека компанијата се согласила да го продаде својот руски бизнис на турскиот ривал „Anadolu Efes“.

Претходно денеска рускиот весник „Ведомости“ објави дека е постигнат договор меѓу двете компании, повикувајќи се на два извори блиски до преговорите.

Портпаролот на „Carlsberg“ изјави дека материјалот не е вистинит, пренесува „Reuters“.

„Carlsberg“, западната пивара која е најмногу изложена на руско влијание, минатата година рече дека планира да го продаде својот руски бизнис и да резервира отпис од околу 9,9 милијарди дански круни по инвазијата на Москва на Украина.

Во понеделникот, претседателот на „Carlsberg“, Хенрик Поулсен, им кажа на акционерите дека компанијата ја намалила својата листа на потенцијални купувачи на нешто помалку од 10 и дека сепак се очекува да склучи договор пред крајот на вториот квартал.

„Carlsberg“, кој има осум пиварници и 8.400 вработени во Русија, на крајот на март 2022-ра година соопшти дека ќе го продаде својот бизнис во земјата, приклучувајќи се на одливот на западните компании по руската инвазија на Украина. Во 2021-ва година, данскиот концерн генерира 10% од приходите и 6% од својот оперативен профит во Русија, каде што во 2008-ма година ја презеде целосната контрола на групацијата за пивари „Балтика“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП