„Наместо за уривање на дивоградбите треба да размилуваме за конфискација и нивна пренамена“, рече градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во интервју за 360 степени. Тој зборуваше за високите средства кои општината ги двои за оваа намена по што најави поднесување на Иницијатива до ЗЕЛС за пренамена на нелегалните објекти и нивна пренамена во објекти потребни за граѓаните.
„Ние како општина ќе побараме, ќе почнеме иницијатива, истата ќе ја доставиме до ЗЕЛС, а тоа е измена на членови од Законот со цел да имаме можност за конфискација, поради тоа што, прво нема да се прават трошоци, а самите објекти би ги користела или општината или државата за одредени намени“, изјави Герасимовски за 360.

