1 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАSamsung претстави златен и розе Galaxy S4

Samsung претстави златен и розе Galaxy S4

samgoldpink

„Samsung Arabia“ ги претстави златната и розевата верзија на уредот „Galaxy S4“.

Станува збор за мудар потег на компанијата, преку кој „Samsung“ најверојатно  сака да го тестира пазарот со лансирањето на уредите на Блискиот Исток.

Во случај да се појави глобално интересирање за овие уреди, многу е веројатно дека овие верзии ќе можеме да ги видиме и на другите пазари.

„Samsung Galaxy S4“ поседува „full HD Super AMOLED“ екран со сјајни 441 ppi, кој е сместен во куќиште со димензии 136,6mm x 68,9mm и кој е за нијанса поголем од „тројката“.

Силата на телефонот му ја дава процесорот „Exynos 5 Octa“ кој беше претставен пред два месеци на „CES“. Станува збор за првиот осумјадрен процесор за мобилни уреди кој работи така што по потреба користи две различни групации од по четири јадра. Во едната група е „ARM Cortex-A15“ задолжен за побарувачките операции (со голема потрошувачка), а во другата е „A7“ за стандардната работа и подолгото траење на батеријата.

Тука е и 2GB RAM, a што се однесува до просторот за податоците постојат верзии од 16GB, 32GB и 64GB.

Батеријата е помоќна отколку кај претходникот – 2.600mAh, односно 20 проценти посилна отколку кај „S3“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП