28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСлабата платежна моќ на просечниот возач го уништува сонот за нов автомобил

Слабата платежна моќ на просечниот возач го уништува сонот за нов автомобил

Пореметувањата кои се случија во последните години на домашниот и светскиот пазар значително ја ослабнаа куповната моќ на граѓаните, па купувањето на нов автомобил за многумина стана само сон, како оној американскиот.

Инаку, кога сме кај Америка, според Блумберг, просечната месечна исплата за нов автомобил се искачила на рекордни 777 долари, што е речиси двојно повеќе од 2019 година. И во Европа ситуацијата е променета и се уриваат ценовни рекорди, а во Кина брзото пробивање на електричните возила (EV) значи дека потрошувачите во некои градови ќе треба да „искешираат“ повеќе пари.

Во Македонија ситуацијата е таква што цените на новите автомобили се приспособуваат на движењата на светскиот пазар, а тоа е редовна пракса.

Затоа, не треба да изненадува што купувачите се прилагодуваат на новонастанатата ситуација, иако секој што вози автомобил стар 10 до 15 години би бил многу среќен да си дозволи ново електрично возило. Сепак, ниската платежна моќ на просечниот возач во Македонија ги менува плановите.

Половните автомобили овде се секојдневие, а тоа би го промениле доколку стандардот на граѓаните беше повисок.

Факт е дека возниот парк на Македонија е постар во споредба со некои други земји, како и дека увозот на половни возила е драстично поголем од продажбата на нови. Покрај тоа, нестабилностите на глобално ниво траат подолго време – од пандемијата, недостигот на полупроводници, доцнењето на автомобилите, до геополитичката ситуација во светот. Една од последиците од ваквиот развој на настаните е што купувачите почесто се одлучуваат за користени возила наместо нови, особено во ситуации кога им треба брзо решение и не можат да чекаат за ново возило.

Електричните автомобили во САД се за 30 отсто поскапи отколку во 2019 година

Просечната цена за ново возило во САД скокна на речиси 50.000 долари, што е 30 отсто зголемување во однос на 2019 година, според JPMorgan. Иако цените донекаде се стабилизираа во последните недели поради закрепнувањето на производството, тоа не е доволно за повеќето потрошувачи да купат нов автомобил без поголем стрес. Во меѓувреме, просечната цена на користен автомобил сега е околу 27.000 долари, според податоците на Cox Automotive.

Производителите профитираат затоа што продаваат поскапи автомобили, па така минатата година во САД се продадени околу 13 милиони возила, што е за осум отсто помалку од 2021 година и најниско ниво во последната деценија, наведува Блумберг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП